-->
-->
Карвахал: Најтешката вечер во мојата кариера
-->

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го посочи поразот од Ајакс со 1:4 и елиминацијата уште во осминафиналето на Лигата на Шампионите како најкошмарниот момент во неговата фудбалската кариера.
– Ова е мојата најтешка вечер како професионален фудбалер. Никогаш не сум почувствувал такво страшно чувство. Во последните натпревари, работите на домашен терен не излегувааат како што треба. Не треба да бараме изговори. Нашиот ривал заслужува да продолжи. Излеговме со чисти умови по поразите од Барселона, сакавме да победиме и да продолжиме понатаму. Ни дадоа два гола по наши грешки, а третиот гол буквално не уби. Јасно е дека сезоната е завршена за нас. Ние мора да ги исполниме нашите должности до крај професионално. Не треба да се криеме, туку да покажеме карактер, рече Карвахал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
