Картер: Почнаа подготовките за изолирање на Рака
Меѓународната антиџихадистичка коалиција ги започна подготовките за изолирање на сирискиот град Рака, кој важи за престолнина на т.н. „Исламски Калифат“, што го прогласи групата Исламска држава (ИД), соопшти вечерва во Париз, американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.
- Ги започнавме подготвителните активности за изолирање на Рака, изјави Картер, додавајќи дека овие подготовки се одвиваат паралелно со меѓународната операција за потиснување на ИД од ирачкиот град Мосул.
Картер, кој учествува на средбата на министрите за одбрана на 13-те земји вклучени во меѓународната антиџихадистичка коалиција, нагласи дека во операцијата за преземање на контролата над Рака треба да учествуваат локални сили, како по примерот на акциите за ослободување на Манбиџ во август годинава, во која учествуваа здружените арапско-курдски сили или на Дабик кон средината на овој месец, која ја спроведоа сириските бунтовници поддржани од Турција.
- Операцијата може да ја спроведат само локални жители, кои сакаат да и нанесат траен пораз на ИД. Тоа не можат да го сторат сили од надвор, рече Картер.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност