-->
-->
Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневал во Лесковац
-->
Карневалските групи „Мулен Руж 2″ и Здружение „Струма” со своите маски „Чекор напред” и „Неуништлива вечна љубов” викендов учествуваа на 14-тиот Меѓународен карневал во Лесковац, на кој продефилираа околу 1.200 маскирани учесници.
Според информациите од членови на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, карневалските групи оставиле одличен впечаток кај публиката и организаторите на карневалот во Лесковац.
Карневалски групи од Струмица во текот на целата година учествуваат на карневали во регионот и Европа, на кои го претставуваат своите карневалски креации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност