Карлеуша не јадеше ќебапи за 1.мај, еве како таа го прослави празникот на трудот
Додека ја планираат годишнината со која на 28 јуни ќе прослават 10 години брај, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ уживаат во Истанбул.
Душко Тошиќ игра за фудбалскиот клуб Бешикташ, а ЈК кога и да има слободно време, со ќерките Атина и Ника доаѓа кај сопругот во Турција. Така беше и за првомајските празници.
-Нашите ќерки се навикнати на ваков живот и се радуваат кога одат во Истанбул зошто многу се врзани за таткото. Душко е исклучително грижлив и посветен татко, така што нашите девојчиња просто уживаат кгоа се со него, вели Јелена и додава дека има времето кое го поминуваат заедно во Турција и лета за момент.
-Секој слободен момент кој го имаме Душко и јас го користиме да бидеме заедно и со нашите девојчиња да поминеме квалитетно време. Многу ми е тешко да ги ускладам концертите и деловните обврски, кои бараат чести патувања, со натпреварите на Душко. Но кога постои љубов и волја бракот да опстане, се се може. Ако двајца луѓе работат на својот однос и даваат се од себе да го зачуваат семејството и бракот, на што со години работеле и вложувале, тогаш се наоѓа и начин се да се усклади, па дури и некои хирови да се исполнат, рече Јелена која тврди дека својата љубов со сопругот ја слави секој ден, па посебен повод не им е потребен.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори