-->
-->
Караско ја „сруши“ Валенсија
-->
Фудбалерите на Барселона славеа над Еибар со 3:1 и се израмнија на првата позиција со лидерот Реал, додека Атлетико во дербито славеше над Валнесија со 2:1, со што екипата од „Винсенте Калдерон“ стигна до третото место со два бода помалку од лидерската двојка.
Барселона против аутсајдерот Еибар славеше со 3:1, а натпревареот го одбележаа Луис Суарез и лошиот судија Дел Сал.
Еибар прв постигна гол преку Бастон, а потоа Суарез со ‘хет трик’ ја обезбеди победата на Барселона. Инаку Уругваецот на денешен ден пред една година го одигра својот прв натпревар во дресот на Барселона.
За една година Суарез за Барса настапил на 58 натпревари и постигнал 35 голови и забележал 26 асистенции.
Атлетико против Валенсија доминираше во текот на целиот натпревар, а успеа да забележи само победа од 2:1.
Играчите кои го засилија тимот во летниот преоден рок Џексон Мартинез и Јаник Караско ги постигнаа головите за ‘јорганџиите’. Мартинез ја казни грешката во потесната одбрана на Валенсија, а Караско погоди по одлична соло акција.
Во вториот дел Пако Алкасер намали од пенал, откако Годин направи непотребен пенал врз Мустафи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата