Карамбол на патот Тетово - Јажинце, шестмина повредени
Шест лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово - Јажинце на мостот на Вратничка река, а во која е причинета материјална штета од 100.000 денари. Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, во несреќата учествувале три возила, „Југо“ со тетовски регистерски таблици управувано од Љ.И.(40) од Рогачево, „Мерцедес“ со косовски таблици што го управувал М.Љ. (40) од Косово и автобус „Ман“ со гостиварски таблици управуван од Б.Х. (58) од Гостивар.
- Во несреќата сопатничката од „Југото“ С.И. (33) од Рогачево се здобила со тешки телесни повреди - фрактура на карлична коска и по укажаната лекарска помош во Тетовската болница итно е пренесена на скопските клиники. Покрај тоа, со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи на патничките возила и уште тројца сопатници од „Мерцедесот“. Четворица од повредените се пуштени на домашно лекување додека една сопатничка од „Мерцедесот“ задржана е за натамошна опсервација. По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдува причината и се друго поврзано со несреќата, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228