Карамбол на Партизанска, млад возач предизвика сообраќајка и побегна
Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалку на булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол, во која неофицијално има само еден повреден, објави порталот Скопјеинфо.
Несреќата се случи околу 21 часот веднаш до бензинската на Окта на партизанска каде четири моторни возила од засега непознати причини во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.
Според зборовите на очевидците до сообраќајката дошло кога еден од возачите кој највероватно се претпоставува дека е матурант, од засега непознати причини удрил друго возило кое се движело во истата насока и каде двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.
Извори за Скопје Инфо брифираат дека предизвикувачот на несреќата веднаш се дал во бегство, а полицијата успеала да го совлада дури во населбата Авто Команда, објави Скопјеинфо.
На лице местото по несреќата веднаш дојде амбулантно возило и полициски патроли. Булеварот во моментов е затворен за сообраќај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река