Карамарко поднесе оставка на местото лидер на ХДЗ
Претседателот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко претпладнево поднесе оставка за функцијата.
Оставката на Карамарко на лидерската позиција, следеше откако тој претходно се повлече и од местото прв потпреседател на хрватската Влада, бидејќи не успеа да обезбеди ново парламентарно мнозинство, откако ХДЗ заедно со опозицијата ја урна коалициската Влада на Тихомир Орешковиќ.
- Поднесувам оставка на местото претседател на ХДЗ. И ветив на партијата дека ќе успеам да обезбедам парламентарно мнозинство и не успеав во тоа. Затоа преземам одговорност. Сметам дека ова ќе и даде нов политички импулс на партијата, изјави Карамарко на прес-конференција во Загреб, додавајќи дека оставката не ја поднел под нечиј притисок.
- Во партијата сум практично од 1989 година и секогаш сум бил во функција на својата земја. Мислам дека ова ќе биде „нов ветер во грбот на партијата“, истакна Карамарко, заблагодарувајќи им се на сите членови на партијата како и на сите кои му дале поддршка.
- Беше убаво да се биде претседател на ХДЗ, ние во овие четири години добивме достоинство и се уште сме најсилна партија, додаде тој.
Ново на Сител
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка
-
18-годишник од Скопје обљубил малолетничка
-
Полицаец во дебарско враќајки го пиштолот од кој предходно пукал во футрола, си ја повредил ногата