-->
-->
Караманлис: Владата требаше да ја слушне загриженоста на мнозинството граѓани
-->
Владата требаше да ја почитува и внимателно да ја слушне логичната загриженост на големото мнозинство на граѓаните, но и да создаде, по сопствена иницијатива, услови за елементарен национален консензус, вели поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „не е дозволено, национални прашања од ваква важност да водат кон тензија што помага за создавање клима на поделба, јави дописничката на МИА од Атина.-Критиката на Нова демократија за конкретниот договор е силна и целосно поткрепена со докази. Особено кога целиот процес на преговори беше во услови на неоправдано брзање и кога, очигледно, други се оние на кои им е итно да се реши ова прашање. Но, сигурно тоа не е Грција, вели Караманлис.
Поранешниот премиер од редовите на Нова демократија вели дека политиката на неговата влада што доведе до одлуката на НАТО во Букурешт, на земјата и донела особено ефективна преговарачка предност која што не била искористена како што треба
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
