Каракачанов: Овој парламент беше најпростачкиот во историјата на Бугарија
Лидерот на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов гостуваше на БТВ во емисијата „Оваа сабота и недела“ и се осврна на неколку актуелни теми.
Каракачанов пред сѐ зборуваше за третите по ред парламентарни избори во земјата за една година на кои неговата партија не успеа да го помине цензусот и да влезе во Народното собрание.
-Овој парламент беше најпростачкиот парламент во историјата на Бугарија по ослободувањето. Немаше ни грам желба за дијалог и национална консолидација. Уште еднаш се виде дека партиите се претвораат во центри на моќ, а не во политички формации со јасна идеологија, принципи и идеали. Интересите на бугарскиот народ диктираа „дијалог“, а не избори 16 пати за 2 години, рече Каракачанов.
Тој додаде дека претставниците на „Има таков народ“ во Националното собрание се „слаби“ како политичари и дека веќе двапати ја доведоа земјата во ситуација да се потрошат многу пари за јалови избори.
Каракачанов ги коментираше и најновите одлуки на пратениците, поврзани со ребалансот на државниот буџет и зголемувањето на пензиите.
– Ваква брза инфлација никогаш не се случила во Бугарија. Цените во нашата земја скокнаа помеѓу 15 и 50%. За какво зголемување на пензиите зборуваме, ова покачување веќе е изедено, рече тој.
Дваесет години по нападите на 11 септември, лидерот на ВМРО изрази загриженост дека целиот демократски свет сега е повторно под закана.
– Бугарија не е самоизолиран остров, заканите се глобални. Она што се случи на 11 септември се должи на фактот дека САД долго време го потценуваа проблемот со радикалниот исламизам, рече Каракачанов за неодамнешните настани во Авганистан.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
