Караџовски: Еден случај со коронавирус не претставува опасност за целото население
Докторот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје Скопје рече дека жената со коронавирус во земјава влегла преку граничниот премин Табановце. Дотаму дошла со автомобил, а потоа со домашно возило е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Жена на 50-годишна возраст, која еден месец била во посета на Италија, е првиот случај на заразен од коронавирусот во Македонија.
Екипата која ја примила е опремена со комплетна заштитна опрема, влегла од посебен влез, и спроведена е согласно сите протоколи на Инфективна клиника.
„Жената е на интензивна нега, тоа значи изолација од останатите болни. Свесна е, ориентирана и дише слободно. Лекарите си ја спроведуваат својата активност“, рече Караџовски.
Караџовски кажа дека едно позитивно лице не претставува ризик за останатото население и дека медицинските служби се спремни во секој момент да дејствуваат.
„Екипата е спремна за половина час да дејствува. За мене е важно населението може да биде мирно. Не заборавајте дека во тој регион на Италија има 14 милиони жители и немојте да очекувате да забраниме трансфер на лица“, рече Караџовски.
„Во случај на појава на симптоми, граѓаните да не шетаат по јавноздравствените институции, туку да ги повикаат надлежните епидемиолози за да биде организирана мобилна екипа што ќе ги прегледа во домашни услови“, рече министерот за здравств Венко Филипче.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче