Живот
7. December 2018 - 14:54

Капењето во езерото и е единствен лек: Индијка има мистериозна болест, целиот ден го поминува во езерото веќе 10 години

Порталот ОдитиЦентрал објави вриказна за жена од Индија која речиси цел ден поминува во вода за да си ја олесни болката. Таа наводно има 65 години и секој ден поминува во 12 до 14 часа во езерото за да си ги ублажи болките и воспаленијата.

Според наводите на руските медиуми кои ја објавија снимката од жената, тоа трае од 1998 година, а жената се „бања“ токму секој ден. Наведуваат дека живеат во забаталено село во Индија и дека нејзиното семејство нема пари за да и го плати лекувањето. Во вода влегува рано в зори, а од неа излегува по залезот на сонцето.

Не сака да биде сама, па друштво на брегот и прават членови на семејството или пак соседите. Жената јаде само малку ориз и зеленчук. Семејството најчесто и го носи оброкот, а таа го јаде додека е во вода.

Луѓето во селото веруваат дека таа би можела да стане „дух на езерото“, а семејството се надева дека ќе успее да собере пари и да ја однесат на лекар.