Канје Вест на изборите планира да оди како независен кандидат

Американскиот рапер Канје Вест во интервју за изданието Форбс денеска изјави дека својата кандидатура за претседател на САД планира да ја објави како независен кандидат.
Тој додаде дека би бил спремен да стане кандидат на Републиканската партија доколку таа не би била претставувана од сегашниот претседател Доналд Трамп.
Вест претходно на Твитер соопшти дека има намера да учествува на претседателските избори во САД. Во коментарите под твитот тој доби поддршка од Илон Макс, основач на компаниите „Тесла“ и „СпејсИкс“
Вест е во брак со Ким Кардашијан, американска популарна реалити шоу ѕвезда. Во интервјуто тој истакна дека, засега, таа и Маск се единствени советници во неговата претседателска кампања во зародиш.
Според изборната традиција во САД, реални шанси за избор на претседател имаат кандидатите од најголемите две политички партии, републиканстата и демократската.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
