Кандидатури за лидер на СДСМ ќе поднесат Филипче, Петровска и Деспотовски
Кандидатури за претседател на СДСМ во текот на денешниот ден се очекува да поднесат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска.
Кандидатура ќе поднесе и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски откако денеска пред медиумите ќе ја претстави својата програма.
- Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата на Деспотовски.
Во медиумите како можен кандидат за лидерското место во СДСМ се споменуваше и актуелниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, но досега нема официјална потврда.
Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае до утре. Право да се кандидираат имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и вредносните, моралните и етичките норми.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку пет години членство во СДСМ кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Внатрепартиските избори се закажани на 30 јуни, а следуваат по оставката на лидерот Димитар Ковачевски кој по поразот на парламентарните избори поднесе оставка заедно со раководството на партијата. СДСМ во недела, на 9 овој месец, ќе одржи и отчетен Конгрес на кој ќе се анализираат причините за изборниот резултат.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија