Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и официјално е ставена на агендата на турскиот Парламент
Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и официјално е ставена на агендата на турскиот Парламент, јави државната телевизија ТРТ-Хабер. Денеска се очекува да се гласа за кандидатурата.
Собраниската седница е закажана за 15:00 часот локално време (13:00 по македонско време).
Првично на дневен ред на парламентот беа ставени повеќе внатрешни прeдлог-закони, но синоќа беше најавено дека ќе се гласа за протоколот, кој на крајот на декември беше одобрен од Комисијата за надворешни работи на турскиот Парламент.
Сега тоа треба да го изгласа целиот парламент. Просто мнозинство од пратениците во парламентот од 600 места е доволно за документот да биде одобрен.
Одлуката на Парламентот ќе стапи во сила откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе го потпише соодветниот указ. Можно е тоа да се случи уште денеска.
Турција, која е членка на НАТО, го повлече својот приговор за влез на Шведска во Алијансата во јули, но оттогаш процесот на ратификација во Парламентот е закочен.
Анкара го обвинува Стокхолм дека недоволно сериозно ги сфаќа турските безбедносни грижи, вклучително и борбата против курдските борци и другите групи кои Турција ги смета за закана за нејзината безбедност.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот