Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.
Пред посетата на Скопје, Панов кој е првиот кандидат за претседател на Бугарија, кој ќе ја посети земјава, во изјава за дописникот на МИА од Софија, рече дека во последните години неможноста да се постигнат компромиси кои се од заеднички интерес ги ставија односите меѓу Бугарија и Македонија во ќорсокак.
Панов, кој е отворен критичар на состојбите во судството во Бугарија и истакнат судија и прв човек на Вишиот касациски суд, а претходно и на Управниот суд, смета дека само договорот е она што најмногу може да донесе до приближување на позициите меѓу двете земји, но, како што вели, „емотивната поврзаност сама по себе е товар во решавањето на заедничките прашања“.
Според Панов, проблемот е што додека Бугарија и Република Македонија се расправаат за својата историја, трета страна им ја одзема можноста да градат заедничка иднина, а во случајов важи изреката „двајца се картаат, третиот користи“. Тој предлага разговорите меѓу двете земји да се засноваат на добра волја, а пред се, да се оневозможи „доктринирање на преговорите меѓу Софија и Скопје“.
Панов е дециден дека говорот на омраза е сериозен проблем во бугарско-македонските односи. – Говорот на омраза го насочува нашиот балкански темперамент во погрешна насока и затоа нема место во добрососедските односи, а уште помалку во образованието на идните генерации, вели Панов за МИА, додавајќи дека „подава рака на соседите“ и дека тие што ги довеле односите меѓу Софија и Скопје во ќорсокак ќе го искористат во оваа предизборната кампања.
Тој е подготвен да го преземе овој ризик, бидејќи, како што вели, во моментов европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа. – Нашиот заеднички пат е Европа и ова прашање не треба да се поставува ниту со дали, ниту со но, вели Панов.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
