Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес ќе гласа за Емануел Макрон
Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес, која според Ифоп освоила 4,7 отсто од гласовите, најнизок резултат на партијата во историјата на претседателските избори во Франција, изјави дека во вториот круг ќе гласа за Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.
-Ја изградив целата моја борба против екстремите на десницата и левицата. Проектот на Марин Ле Пен ќе ја доведе земјата до раздор, импотенција и банкрот. Нејзината историска близина со Владимир Путин ја дискредитира во одбраната на интересите на нашата земја. Нејзиниот избор ќе доведе до бришење на Франција на европската и меѓународната сцена. Така, и покрај длабоките разлики што ги истакнував во текот на целата кампања, со совест ќе гласам Емануел Макрон да го спречам доаѓањето на власт на Марин Ле Пен“, изјави Валери Пекрес, која, покрај тоа, уверуваше дека ќе продолжи да се „бори“ со сета своја „сила“ за Франција.
Ново на Сител
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст