Македонија
19. February 2022 - 16:33
Кандидатите за полагање испит за директори во училиштата најавуваат протести
Кандидатите за директори во образовни установи утре ќе протестираат пред Државниот испитен центар. Се жалат дека иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит за директори на училишта и ученички домови.
Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законот и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември, а следната обука би требало да започне во март.
Инаку, обуките чинат околу 500 евра и доколку не се спроведат во најкус рок кандидатите ќе се жалат и кај народниот правобранител и на меѓународната заедница.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
