Свет
31. March 2016 - 9:07

Кандидатите за генерален секретар на ОН ќе бидат сослушани меѓу 12 и 14 април

Седум кандидати за функцијата генерален секретар на ОН ќе учествуваат на неформалните сослушувања, што ќе се одржат во централата на светската организација во периодот од 12-14 април, изјави претседателот на Генералното собрание на ОН Магенс Лукетофт, јави ТАСС. 

Според него, тие ќе се преведуваат на официјалниот сајт на ОН на сите шест официјални јазици на организацијата - англиски, француски, руски, арапски, шпански и кинески.

На 12 април во салата на Советот на ОН ќе бидат сослушани министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и поранешниот португалски премиер Антониу Гутериш.

Следниот ден ќе се одржат сослушувањата со учество на поранешниот словенечки претседател Данило Тирк и со поранешните министри на Хрватска - Весна Пусиќ, и на Молдавија - Наталија Герман.

На 14 април претставници на земјите-членки на ОН го сослушуваат последниот до тој момент кандидат - поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим. 

Лукетофт рече дека неформалниот дијалог ќе биде во формат на двочасовни сегменти, со учество на секој од кандидатите.