-->
-->
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-->
Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро е назначен за нов тренер на Динамо Загреб, соопшти хрватскиот клуб.
„Неговата харизма, шампионското педигре и жедта за успех го прават идеален кандидат. Канаваро го знае тимот, лигата и предизвиците што претстојат“, се вели во соопштението на Динамо.
Канаваро, кој претходно оваа година кратко време го предводеше Удинезе, седнува на клупата на хрватскиот шампион по оставката што му беше врачена на Ненад Бјелица.
Како што е соопштено, Канаваро ќе дебитира на новата должност на 22 јануари кога Динамо ќе му гостува на лондонски Арсенал во Лигата на шампиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива