Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на американските стоки во вредност од 155 милијарди канадски долари (106,5 милијарди американски долари) како одговор на американските царини.
-Царините за 30 милијарди канадски долари ќе стапат на сила во вторник, додека преостанатите 125 милијарди канадски долари ќе бидат воведени во рок од 21 ден, рече Трудо на прес-конференција.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за канадските енергетски производи, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто.
Трудо предупреди дека царините ќе им наштетат на САД, долгогодишен сојузник. Тој ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да летуваат во својата татковина наместо во САД.
Тој додаде дека се разгледуваат и некои нетарифни мерки, вклучително и оние кои се однесуваат на клучните минерали, набавките на енергија и други партнерства.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека „ништо нема да го спречи да воведе царини од 25 отсто на сите производи од Канада и Мексико“, додавајќи дека стоките од Кина ќе имаат 10 отсто повеќе царини отколку што се во моментов.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово