Канадски авион регистрира подводни звуци во потрагата по исчезнатата подморница

Потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ во северниот дел на Атлантски Океан е пренасочена откако американската крајбрежна стража соопшти дека канадски авион открил подводни звуци во северниот дел на Атлантски Океан.
Подморницата на 18 јуни изгуби контакт со матичниот брод „Поларен принц“ еден час и 45 минути откако зарони на дното на Атлантскиот Океан.
Досега е пребарана површина од над 19.000 километри квадратни. Во подморницата има кислород до утре наутро. Покрај група меѓународни бродови и авиони, подводен робот почна да бара во близина на потонатиот брод Титаник, а исто така се прават напори да се достави спасувачка опрема до местото во случај подморницата да биде пронајдена.
Меѓу патниците во подморницата се двајца британски државјани со пакистанско потекло, бизнисменот Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол Анри Наргуле.
Подморницата кога тргна на патувањето имаше резерви кислород за четири дена.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
