Канадската авторка Маргарет Етвуд добитник на Златниот венец на СВП за 2016
Канадската авторка Маргарет Етвуд е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти денеска раководството на поетскиот фестивал.
Етвуд е родена во 1939 во Отава. Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Нејзиното пишување, главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата. Во нејзиниот опус се вбројуваат и голем број збирки кратки раскази и книги за деца.
Добитник е на највисоките книжевни награди во Канада, носителка е на францускиот орден Легија на честа. Во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот „Слеп убиец“.
„Златниот венец“ на Етвуд ќе и биде врачен на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.
Од 1966 година, откога СВП доделува „Златен венец“, Етвуд е трета поетеса што ја добива наградата. Претходни жени-лауреати на признанието беа Десанка Максимовиќ во 1988 и Нанси Морехон во 2006 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
ОЈО Кочани бара мерки на претпазливост и за синот на газдата на дискотеката кој досега беше на лекување
-
Поголемите маркети ги објавија цените на производите, останатите се соочуваат со казни
-
Инженери предупредуваат: Владата озаконува фактурирање на сметки за струја со неотчитани броила
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија ги демантираше тврдењата на СДС дека уставните измени се последно барање
-
Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање
-
Денеска е Велики петок - Најстраданиот ден во Христијанството
-
Црквите во Охрид преполни со верници