Канада соопшти дека ги зголемува трошоците за одбрана
Канада во следните 10 години значително ќе ги зголеми своите трошоците за одбраната, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на канадскиот министер за одбрана, Харџит Саџан.
Трошоците ќе бидат зголемени за 70 проценти, за по 10 години да стигнат до 32,7 милијарди канадски долари (24,1 милијарди американски долари). Тоа значи дека Канада до 2026-2027 година за одбрана ќе троши околу 1,4 процента од БДП.
Веста беше соооштена откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на самитот на НАТО во Брисел, минатиот месец, побара земјите членки да одвојуваат повеќе средства за одбрана.
Тој тогаш соопшти дека само пет земји членки на Алијансата - Велика Британија, Естонија, Полска, Грција и САД, трошат по два процента од БДП за одбрана.
Планот за зголемување на трошоците за одбрана на Канада предвидува и 5.000 дополнителни војници. Според него, Канада ќе треба да добие и 15 нови борбени бродови и 88 нови авиони-ловци.
Канадскиот министер за одбрана изјави дека сето тоа земјата ќе ја направи доверлив партнер.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази задоволство од веста.
„Ја поздравуваме новата канадска политика во областа на одбраната и планираните големи инвестиции. Новата политика го потврдува непоколебливиот ангажман на Канада во НАТО и ќе гарантира дека Канада има вооружени сили и клучни способности, од кои Алијансата има потреба“, се навеудва во изјавата на Столтенберг.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија