Канада оваа година прими 401.000 нови жители
– Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер.
– Повеќето од 401.000 нови, постојани жители – бројка што е постигната првпат по повеќе од 100 години – веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција.
Според него, „минатата година била поставена амбициозна цел, а сега таа е остварена“.
Откако дојде на власт во 2015 година, владата на премиерот Џастин Трудо се потпира на имиграцијата со цел да се зајакне канадската економија.
Поставена е годишна цел да се прими околу еден процент од населението на Канада, која брои речиси 38 милиони луѓе.
Владата изрази надеж дека следната година ќе може да има 411.000 нови жители.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата