-->
-->
Кампот „Кирил Лазаров 7“ ова лето ќе го има своето второ издание
-->
Децата - ракометари својот летен одмор и ова лето ќе може да го поминат како дел од кампот „Кирил Лазаров 7“. Оваа привилегија ќе ја имаат околу 300 деца кои во две смени ќе бидат дел од ова случување во организација на „КМГ спорт“ и на Кирил Лазаров.
На денешната прес конференција беа објавени дел од деталите поврзани за активностите, додека дел ќе бидат дополнително. Тука пред се се мисли на тренерите кои ќе бидат дел од 14-дневното другарување со најдобрите ракометари од Македонија и од Европа.
Самиот Лазаров за овој настан на денешниот прес истакна:
- Прес - конференција е малку во незгодно време, но мораше да ја одржиме. Сега сите мислиме кон она што нѐ чека викендов, квалификациите за ОИ во Гдањск. Посакувам додека ќе бидеме на кампот во јуни, воедно да ги полниме батериите за Рио, додека работиме со дечињаата со мислите ќе бидеме свртени кон Олимписките игри.
Најголемиот дел од децата учесници ќе бидат од Македонија над 70%, иако кампот ќе има и меѓународен карактер, со деца од Данска, Шведска, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија.
Кампот „Кирил Лазаров 7“ ќе биде во две смени од 17-23.јуни и од 24-30. Јуни, а ќе се одржува во комплексот на хотелот „Аквалина“ во Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд