Свет
18. April 2017 - 11:10

Кампањата за изборите во Франција влегува во завршната фаза

Единаесетте кандидати за претседател на Франција го искористија продолжениот велигднески викенд за мобилизација на своите избирачи и да ги привлечат некои од се уште неопределените гласали, чиј број не е занемарлив.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, четирите водечки кандидати, Жан-Лук Меланшон, Франсоа Фијон, Емануел Макрон и Марин Ле Пен го започнаа завршниот спринт вчера со идејата да привлечат колку што е можно повеќе избирачи, но пред се да не загубат многу од оние кои имаат намера да гласаат за нив.

Двајцата водечки кандидати според анкетите, Макрон и Ле Пен вчера во исто време одржаа митинзи во Париз.

Макрон од левоцентристичката партија Во движење (ЕМ), кој се повеќе се наметнува како кандидат на политичкиот центар, успеа да ја демонстрира својата сила со најголемиот митинг досега со нешто повеќе од 17.000 симпатизери во салата Берси.

Тој во својот настап не понуди ништо ново, освен што направи споредби на главните противкандидати. Меланшон го поистовети со политиката на левичарската влада во Венецуела, Фијон со поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, а Ле Пен со основачот на националиситчкото движење од почетокот на 20-от век, Француска Акција, Шарл Морас.

Пред митингот на кандидатката на екстремно десниот Национален фронт (ФН), Ле Пен, на кој имаште околу 5.000 нејзини поддржувачи, дојде со судири меѓу антифашистичките активисти и полицијата.

Цел на предмети фрлени од демонстрантите беше пратеникот на Националниот фронт, Жилбер Колар, по што неговиот сопартиец, сенаторот Давид Раклин го осуди инциднетот предизвика од ккао што рече „отпадниците од екстремната левица“. За време на митингот, две активистки на Фемен со разголени гради се обидоа да го прекинат говорот на Ле Пен. 

Новина во последните настапи пред гласањето е тоа што Ле Пен повторно се наврати на старите идеи на екстремната десница за „намалување на легалната имиграција на 10.000 годишно“. Таа најави дека доколку биде избран за претседател, ќе воведе „мораториум на легалната имиграција, за да се запре ова лудило“. - Со мене, не би имало Мохамед Мерах, со мене не би имало терористи мигранти во Батаклан и Стад де Франс, порача Ле Пен.

Европратеничката на ФН вети и протерување на сите лица за кои постојат сомнежи дека се радикалзирани, рестрикции до доделувањето државјанства и национални преференција при вработувањето и доделувањето на социјални станови, а не пропшушти и да го нападне Исламот како „плодна почва за тероризмот“.

Ле Пен во оваа обраќање не инсистираше на откажување од еврото и враќање на француксиот франк како национална валута. За време на нејзиниот настап во салата Зенит во Париз, можеа да се слушнат скандирања „Франција на Французите“.

Во Ница, пред речиси 5.000 луѓе, кандидатот на конзервативната партија Републиканци (ЛР), Франсоа Фијон, вети „безбедност насекаде и за секого“.

Но, и неговиот митинг не мина без инциденти. Симпатизерите на Фијон плукаа врз еден новинар, додека двајца негови колеги на „Бузфид Њуз“ биле нападнати од припадници на обебзедувањето на кандидато на ЛР, додека го снимале апсењето на двајца агитатори кои извикувале: „Врати ги парите“ за време на неговиот говор.

Ваквото однесување на симпатизерите на Фијон се поврзува со критиките кон медиумите во неговите говори.

Жан-Лук Меланшон од левата популистичка партија Непокорна Франција, велигденскиот понеделник го мина на палубата на бродот крстарејќи низ Париз, по големиот митинг во неделата во Тулуз, каде собра околу 70.000 симпатзиери и по оној во Дижон пренесуван со шест холограми во шест други француски градови. 

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека четворицата водечки кандидати се многу близу еден до друг, па секој од нив може да се најде во вториот круг, имјаќи ги предвид маргните на можните грешки на анкетите и големиот број на неопределени гласачи.

Така, според истражувањето на „Опинион Веј“, Ле Пен и Макрон уживаат по 22 отсто доверба, Фијон 21, а Меланшон 18 проценти.

Според оваа анкета, претседателката на ФН загубила еден процентен поен во споредба со претходната анкета на 14 април, а кандидатот на ЕМ има непроменета доверба. Но, сега веднаш зад нив е Фијон, чија популарност пораснала за еден процентен поен, исто како и Меланшон.

Натаму следат кандидатот на социјалистите Беноа Амон со 8 отсто или еден процентен поен помалку во однос на претходната анкета и суверенистот Никола Дупонт-Ењан кој ужива непроменета поддршка од три проценти. Другите кандидати уживаат доверба помала од два проценти.