Кампања за заштита на животните во Зоолошката градина во Скопје
„За здрави и среќни животни“ е кампања за подигнување на свеста кај посетителите, чија цел е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина.
- Почнавме со кампањата за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат нивниот живот. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини, соопштуваат од Зоолошката градина.
Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски вели дека храната што ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни.
Тој додава дека прва во улога на ЗОО негувател се приклучила пејачката Тамара Тодевска со ќеркичката Хана. На Тамара ќе и се приклучат и многу други јавни личности - спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО негуватели и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска