Македонија
16. јуни 2017 - 8:53

Кампања за заштита на шумите од пожари

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде реализирана кампања за заштита на шумите од пожари.

Целта на кампањата е да се зголеми свеста кај населението за заштита на шумите од пожари, а во неа ќе учествуваат активисти од противпожарните сојузи на Град Скопје и ученици опремени со противпожарни шлемови.  

Во рамки на кампањата ќе бидат делени флаери, а стручни лица ќе даваат совети и препораки како да се заштитат шумите од пожари. 

Кампањата ја организираат Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Противпожарниот сојуз на Македонија, јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување.