Македонија
20. July 2016 - 8:37

Кампања за зачувување на Охридскиот регион

 "ЕДНО Е! ВРЕДНО Е!" е слоганот под кој „Фронт 21/42“, во соработка со „Еко-свест“ ќе го одбележи почетокот на кампањата за зачувување на Охридскиот регион - единственото УНЕСКО подрачје во Македонија.

Во рамки на означувањето на почетокот на кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот регион, донесени на 40-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во Истанбул, Турција; како и едно од можните решенија за одржлив и паметен развој на овој регион „СМАРТ Охрид“.