-->
-->
Кампања за користење на велосипеди како превозно средство во Скопје
-->
Зголемено користење велосипед како превозно средство во градот Скопје е новата кампања која ја започна Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба”. Сите оние кои ќе ја посетат „Јавна соба”со велосипед во текот на 2016 година ќе бидат наградени.
- Целта на оваа кампања е да се поттикнат сите генерации на граѓани да користат велосипед како превозно средство. Трендот на рекреативно користење велосипед во Скопје е евидентно зголемен. Тоа се забележува за време на викендите, особено кога и помлада и постара популација го користи убавото време за да се рекреира во паркови, на Водно, но и до подалечни дестинации, велат од „Јавна соба“.
Според нив Скопје како град има одлични предиспозиции за користење велосипед во секое време од денот и било кој период од годината. Велосипедот го олеснува движењето, се избегнува сообраќајниот метеж и овозможува подобро планирање на сопственото време и има голем позитивен импакт врз нашето физичко и ментално здравје. Фактот дека не загадува не треба дури и да се споменува.
Сите посетители во Јавна соба кои ќе дојдат со велосипед ќе бидат наградени со попуст на целокупниот асортиман на услуги и производи.
Кампањата за користење на велосипед како превозно средство ќе трае во текот на целата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември