Кампања „Не суди кој кого љуби“
Под мотото „Не суди кој кого љуби“ денеска започна национална кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ луѓето.
Целта е да се зголеми јавната свест за проблемот со насилството засновано на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и да влијае на намалување на предрасудите кон ЛГБТИ луѓето, кои доведуваат до прекршување на нивните права, а често ескалираат во физичко насилство, информираа на прес-конференција претставници на носителите на кампањата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Коалицијата Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на Интерпартиската парламентарна група.
Како што информираше Драгана Дрндаревска, правна советничка во Коалиција Маргини, тие досега документирале 69 случаи во кои има различни облици на насилство врз ЛГБТИ луѓето.
Кампањата е во рамки на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредувањето на правата на ЛГБТ“ кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
Видеа од кампањата ќе се прикажуваат на три национални телевизии и ќе се споделуваат на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски