Македонија
14. November 2015 - 13:27

Кампања на УСАИД за подигнување на јавната свест за климатските промени

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од „Милиеуконтакт Македонија“ денеска се реализираше во општина Теарце со цел подигнување на јавната свест за климатските промени.

Кампањата се реализира за време на пет викенди, под мотото „Климата се менува, од нас зависи“. Целна група се млади, на возраст меѓу 10 и 17 години во десетте општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце. 

- Климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници, е пораката што денеска ја упатија младите. 

На настанот беа присутни учениците од општинските основни училишта, нивни родители, како и заинтересирани граѓани.