Кампања на УСАИД за подигнување на јавната свест за климатските промени
Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од „Милиеуконтакт Македонија“ денеска се реализираше во општина Теарце со цел подигнување на јавната свест за климатските промени.
Кампањата се реализира за време на пет викенди, под мотото „Климата се менува, од нас зависи“. Целна група се млади, на возраст меѓу 10 и 17 години во десетте општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце.
- Климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници, е пораката што денеска ја упатија младите.
На настанот беа присутни учениците од општинските основни училишта, нивни родители, како и заинтересирани граѓани.
Ново на Сител
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило
-
Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина
-
Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам