Кампања на СВР Скопје „Лето без пожари“
Одделението за превенција во СВР Скопје денеска на Средно Водно, на потегот Жицница-Милениумски крст, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“.
Основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните.
- Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери, информираат од СВР Скопје.
Кампањата, во соработка со ЈП Македонски шуми ќе продолжи да се реализираа во текот на летниот период на подрачјето на СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек