Кампања на РСБСП за безбедни млади возачи

Со презентација на уништено возило во сообраќајна незгода и симулациски вежби за сообраќајни незгоди со настрадани лица, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во АСУЦ „Боро Петрушевски“–Скопје го означи почетокот на акцијата „Безбедни млади возачи“, која е составен дел од кампањата „Младост без лудост“ што се спроведува во соработка со Град Скопје, АМСМ и партнерите со креативни идеи за подобрување на безбедноста на младите во сообраќајот.
- Со оваа кампања ќе се обидеме на сите можни начини да го свртиме вниманието на младите за нивно одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Апелирам до младите, до нивните родители и до сите граѓани на Република Македонија, да ја поддржат оваа кампања, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се обидат да дејствуваат превентивно и едукативно на своите блиски, со цел да ставиме крај на црната чума која секојдневно одзема многу млади животи на патиштата во Република Македонија, изјави претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.
Со цел подигнување на свеста за последиците од сообраќајните незгоди уништеното возило во сообраќајна незгода во наредниот период ќе биде изложено во повеќе скопски средни училишта, а ќе бидат организирани и симулациски вежби за сообраќајни незгоди со настрадани млади лица.
- Идејата е младите да бидат сведоци на сообраќајна незгода и на еден ваков суптилен начин да добијат чувство за последиците од сообраќајните незгоди. Покрај тоа, во рамки на акцијата, ќе биде организирана презентација на таканаречените „пијани очила“, кои ќе помогнат младите да дојдат до реални сознанија за тоа каква е нивната перцепција и нивните моторни способности кога се под дејство на алкохол и како алкохолот влијае на нивната способност за управување со моторно возило, велат од РСБСП.
РСБСП во соработка со автошколите од АСУЦ „Боро Петрушевски“ и автошколите „Ива обука“, „Мартин“, „Шкорпион“ и „Јарди“, денеска објави јавен повик за наградно натпреварување за познавање на сообраќајните правила и прописи. Право на учество имаат средношколците од четврта година, кои немаат возачка дозвола, а наградата е 1 ваучер за бесплатно полагање за „Б-категорија“, 5 ваучери за бесплатно полагање на „АМ Категорија“ и 10 ваучери со 50 отсто попуст за полагање „Б-категорија“ кои можат да ги искористат во рок од една година.
РСБСП изготви и „Прирачник за возачи почетници“ кој ќе биде дистрибуиран до нив, а ќе бидат организирани и едукативни предавања во сите средни училишта во Скопје. Во рамки на кампањата „Младост без лудост“, во соработка со Винер Осигурување, изработени се 1.000 табли со едукативни пораки за младите и нивната безбедност во сообраќајот кои ќе бидат дистрибуирани до сите средни училишта во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
