Камионите дел од свадбите во Делчево, град со над 500 професионални возачи
Во Делчево во летниот период се почести се несекојдневните свадбени поворки, составени во најголем дел од возачи на камиони, кои како дел од обичаите за „одење по невестата“, ги користат своите возила со тоа што внесуваат допполнителна атракција меѓу граѓаните и случајните минувачи.
Ваквата состојба се подразбира, ако се знае дека во Делчево има над 500 професионални возачи на камиони, кои својот леб го вадат во западноевропските земји.
Како што велат дел од возачите, подобро да работат два месеца за 5000 евра, отколку за скромни примања во родниот град.
– Поради ниските примања, не само делчевци, туку и возачи од соседните градови ја преплавија Европа. Можноста да се заработи солидна плата е најчесто причината поради која голем број, особено млади во последен период се решаваат да полагаат за шофери, а потоа и да си ја средат документацијата за професионално да се занимаат со возење, велат возачи од Делчево.
– Татко ми возеше камион и како мал ми останала желбата еден ден и јас да возам товарно возило. Не велам дека е лесно, да си одделен од семејството два месеца и секојдневно да се соочуваш со секакви предизвици, ни малку не е лесно, но борбата за подостоинствен живот е е пресудна, така што ќе продолжиме да го работиме она што најмногу го сакаме, додаваат популарните „шофери“.
Неретко возачите од делчевскиот регион, наоѓаат сигурна работа во странство, поради што со семејствата целосно емигрираат надвор од државата. Ако седнете на кафе муабет во Делчево, еден од најчестите муабети кој може да го слушнете е како професионално да се стане возач на камион. Возачите најчесто возат со бугарски пасоши што им гарантира и сигурна работа било каде во светот.
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално
-
Бајден најави нова помош од 225 милиони долари за Украина на разговорите во Париз со Зеленски
-
Писонеро: Украина и Молдавија ги исполнија условите за старт на преговорите за членство во ЕУ