Камион со полна брзина прегази дете, само чудо го спаси од под тркалата
Тригодишно дете од Кина со чудо преживеа без ниту една гребаница иако го прегази камион при полна брзина.
Детето беше на велосипед на туркање додека поминувал на пешачки премин на прометна улица во источна Кина, кога на него налетал камион.
Безбедносните камери ја забележаа несреќата и на снимката се гледа како возачот удира во количката и се обидува да го запре возилото.
Возачот потоа излегува од својата кабина и го извлекува детето кое се наоѓало меѓу тркалата и го дава на неговата мајка.
Полицијата соопшти дека возачот не го забележал црвеното светло и дека и рекол оти е умирен зошто возел повеќе од да часа.
И покрај ужасната природа на несреќата, која се случи минатата недела детето не беше повредено.
Возачот ја презема одговорноста, и е казнет со парична казна од околу 20 долари и одземање на бодови во дозволата за работа.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица