Камион прегази пешак во центарот на Скопје
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вчера попладен се случи на ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“. Товарно моторно возило ТАМ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. По случената незгода пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде и покрај укажаната помош по извесно време им подлегнал на повредите.
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Покрај несреќата во која загина едно лице, се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Се случиле и седум сообраќајќи со последица материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 12 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи - непрописно престројување пред крстосница, некористење сигурносен појас или користење мобилен телефон за време на управување со возилото, како и непочитување на ограничувањата на брзината на движење.
Со почеток во 10 часот поранешните вработени на ОХИС, во 11 часот Здружението на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ и во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво