Loading Video...
Фудбал
24. November 2022 - 13:56

Камерунецот Емболо и донесе победа на Швајцарија против Камерун

Во првиот денешен натпревар, репрезентацијата на Швајцарија славеше минимална победа против Камерун со 1-0. 
 
Помалку иронично, стрелец на голот за Швајцарците, беше напаѓачот на Монако, Брел Емболо, кој потекнува токму од Камерун. 
 
По само три минути игра во вториот дел, а по асистенцијата на Шаќири, на вистинското место се најде Емболо, кој одби да го прослави погодокот за швајцарската селекција, која пак во втората рунда на 28 ноември ќе игра со топ фаворитот во Г групата Бразил кој вечерва од 20 часот се среќава со Србија во дербито на денот.