Камерон задоволен од разговорите за реформите во ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека разговорите за реформите во Европската унија досега одат во добра насока и изрази уверување дека прашањата како миграцијата и конкурентноста ќе бидат решени на начин кој ја задоволува Велика Британија.
Британија би требало да се изјасни за останувањето во Унијата на референдум до крајот на 2017 година, а Камерон се обидува со ЕУ да преговара за прашањата, кои најмногу им пречат на Британците. Едно од најспорните прашања се бенефициите за работниците, кои доаѓаат од други земји од ЕУ.
- Веруваме дека овие прашања можат да се решат, разговорите одат добро. Тешки се, но со добрата волја на сите страни овие преговори можат да бидат завршени, а потоа ќе имаме референдум, изјави Камерон по состанокот со германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа во Баварија.
Најновата анкета на јавното мислење на агенцијата ОРБ покажува дека мнозинството од ние Британци, кои знаат како ќе гласаат ќе се определат за излегување од ЕУ, што Британија ја прави земја со најизразен евроспектицизам од сите членки на ЕУ.
Камерон претходно во авторски текст објавен во германскиот весник „Билд“ апелираше до Германија да му помогне да постигне договор за реформите, кои се потребни за да се избегне излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда