Камерон: Нападот врз Џихадистот Џон е пораз во срцето на ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека доколку воздушниот напад врз екстремистот, познат како Џихадистот Џон бил успешен, тоа ќе претставува пораз директно во срцето на Исламска држава.
- Американскиот воздушен напад врз британскиот државјанин Мохамед Емуази беше заеднички напор. Британските разузнавачки служби работеа деноноќно на откривање на „главниот егзекутор“ на ИД, нагласи Камерон.
- Тој напад беше акт на самоодбрана и неговото извршување е оправдано, рече Камерон.
Тој додаде дека се уште се чека потврда дали нападот бил успешен.
- Тоа ќе им покаже на оние кои им наштетуваат на Велика Британија на нашиот народ и на нашите сојузници дека сме способни да стигнеме далеку, одлучни сме во тоа и никогаш не ги забораваме нашите граѓани, додаде Камерон.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
