-->
-->
Камерон ги отфрли повиците Велика Британија да ги прифати бегалците
-->
Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон ги отфрли денеска повиците неговата земја да прифати повеќе бегалци.
- Ние прифаќаме одреден број вистински кандидати за азил од камповите со сириски бегалци, рече Камерон.
- Но сметам дека најважното нешто е да се обидеме да воспоставиме мир и стабилност во тој дел од светот, нагласи тој.
Тој истакна дека смета оти решение за кризата не може да се пронајде со прифаќање на се поголем број бегалци.
Камерон оваа изјава ја даде, откако кандидатката за лидер на опозициската Лабуристичка партија Ивет Купер ја повика Велика Британија да прифати уште десет илјади бегалци од Сирија и други земји погодени од конфликт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници