Камерниот оркестер на Македонската Филхармонија настапи во Њујорк
Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија вчера го одржа првиот од двата концерта кои се предвидени во престижни локации во Њујорк. Оркестарот настапи во концертната сала Меркин во Центарот Кауфман во Њујорк, каде заедно со кларинетистот Исмаил Лумановски, кој веќе 12 години насстапува во САД и е добро познат на американската публика, изведоа дела од Гоце Коларовски, Хасан Тура и Бела Барток.
„Сакам да им се заблагодарам на колегите, на музичарите. Навистина изгореа на сцена вечерва, го дадоа својот максимум. Тоа го покажа и публиката. Јас сум многу, многу задоволен", изјави диригентот Борјан Цанев.
„Имам настапувано многу пати во Меркин Хол со различни ансамбли како солист. Но, вечерва беше многу важно и многу специјална вечер за мене, поради тоа за првпат настапував со мој тим, со македонскиот камерен оркестар со маестро Борјан Цанев. Навистина сум многу горд на ова", додаде Лумановски за Македонската Телевизија.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска изјави дека концертите на камерниот оркестар на Македонската Филхармонија ќе бидат значајно претставување на македонската култура во американската метропола.
„Навистина прекрасна изведба. Посебно ми е драго што во самата програма се изведуваше и македонско дело на Гоце Коларовски. Програмата беше навистина прекрасна и тоа можеше да се види и од самите посетители коишто со воодушевување го примија овој концерт. Така што големи честитки и се надевам дека и утре во Карнеги Хол ќе се повтори овој голем успех", изјави Канческа Милевска.
Според Маја Чанаќевиќ, директор на Македонската Филхармонија, покрај овој прв концерт на Филхармонијата во Њујорк, ќе има и други можности за настапи во американските културни центри, како Вашингтон или Чикаго.
Денес, камерниот оркестар ќе има прв настап и во престижниот Карнеги Хол во Њујорк, каде ќе го изведе концертниот проект Сон. Верба. Љубов. на Дуке Бојаџиев, со Каролина Гочева, Александар Петров и Васко Дуковски како гости.
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?