Камери во Судскиот совет како досега, така и отсега натаму ќе има
Четворица членови на Судско-медиумскиот совет, судиите Иван Џолев и Емилија Шопар и новинарите Михаела Димовска и Зоран Јаневски се сретнаа со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.
Средбата се иницира по последните случувања во Советот, кога беше одлучено снимателите да не бидат присутни на седниците.
Новинарите му укажаа на претседателот на Советот, дека од суштинско значење е да се обезбеди присуство на камерите со цел изворно да бидат пренесувани седниците на ова тело, кое избира, унапредува и разрешува судии.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, увери дека како и досега и отсега па натаму камерите ќе бидат присутни во Советот и дека ќе изнајдат начин со сопствени ресурси да обезбедат онлајн пренос на седниците на Советот.
Георгиев вети дека навремено ќе објавуваат соопштенија за јавноста од седниците и дека моментално работат на ангажирање лице за односи со јавност во Судскиот совет.
Во таа насока, од членовите на Судско-медиумскиот совет на Георгиев му беа пренесени заложбите за ангажирање лица за односи со јавност во четирите апелациски судови, кои би споделувале информации за судовите кои се под надлежност на конкретното апелациско подрајче.
Судско-медиумскиот совет е советодавно тело во кое членуваат осуммина новинари и седуммина судии, формирано во 2018 година, по моделот на Судско-медиумскиот комитет на Бостон, Масачусетс во САД, а под покровителство на Амбасадата на САД во РС Македонија.
Ново на Сител
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати