Каменос: За името не преговараме, кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата
За името не преговараме, ние имаме јасен мандат од народот и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, говорејќи на состанокот на националниот совет на партијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, актуелниот министер за одбрана на Грција, го спомена слоганот на Независни Грци на последните избори во 2015 дека тие се „неопходното добро“ во коалиционата влада, но и го повтори ставот на партијата дека „не го отстапуваат името Македонија на никој и од никоја причина“.
- За нас прашањето со името е тема за која не се преговара. И на крајот на краиштата, грчкиот народ нѐ гласаше за „неопходно добро“. Ние, кога ќе дојде време и ако дојде време, овој мандат од народот ќе го извршиме со најголемото средство што го имаме- наше повлекување од владата, рече Каменос на состанокот на националниот совет на партијата.
Коалицискиот партнер во грчката Влада, со ова, ја остави отворена можноста кога Договорот од Преспа ќе дојде за ратификација во парламентот, Независни Грци да се повлечат од Владата.
Како што веќе објави МИА, пред десет дена, Каменос откри дека од Ципрас побарал ратификацијата да биде со 180 пратеници, наместо со 151 пратеник.
Ново на Сител
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј