Каменос: Остануваме во Владата додека Договорот од Преспа не дојде во грчкиот парламент
– Позицијата дека кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент, Независни Грци ќе ја напуштат Владата, уште еднаш ја повтори коалицискиот партнер и министер за одбрана на Грција Панос Каменос, говорејќи во Солун пред членовите на Национален совет на неговата партија, во отчетот за четиригодишното учество во Владата.
-Нашата соработка со Владата, нашиот престој во Владата ќе биде се додека не дојде „нож до коска“, односно додека да дојде Договорот во грчкиот Парламент. Каде што чесно и јасно, како што имаме изјавено, ние ќе си заминеме. Не постои појасна позиција, рече Каменос и уште еднаш го изрази неготвото несогласување и несогласувањето на Независни Грци со Договорот од Преспа, поради позицијата, уште од основањето на партијата, дека не прифаќаат сложено име со вклучен термин Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Независни Грци, сепак објасни дека Владата нема да падне, истакна дека се уште важи она за кое што се согласиле со грчкиот премиер, за Договорот од Преспа одново да разговараат во март следната година.
Панос Каменос, рече дека 2019 е година на избори кои ќе се одржат или во октомври или во мај.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров