Камчев останува во притвор, повторно одбиена понудената гаранција од 1,8 милиони евра
Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одбил понудената гаранција од речиси 2 милиона евра, потврдија од судот, пренесува „360 степени“.
Гаранцијата која ја нудеше Камчев, се состоеше од нешто повеќе од 1,7 милиони евра во имот и 200 000 евра во готовина. Минатата недела ваквото барање на прес-конференција го соопшти адвокатот Еленко Миланов, кој рече дека неговиот клиент треба барем да биде пуштен во куќен притвор, иако ставот на одбраната е дека тој треба да се брани од слобода со оглед на гаранцијата.
Во предметот обвинети се и експремиерот Никола Груевски, бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прекривал вистинскиот сопственик.
Груевски е обвинет за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово