Loading Video...
Тенис
2. July 2023 - 19:49

Калин елиминиран уште во квалификациите

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, уште по првиот меч е елиминиран на турнирот во Троа, Франција.

Ивановски не успеа да се квалификува на главниот дел од Челинџер турнирот францускиот град Троа што се игра за награден фонд од 36.000 евра.

Тој попладнево е поразен во квалификацискиот меч од Италијанецот. Џузепе Треска.

Иако во првиот сет се водеше голема борба, сепак видлива беше нервозата кај Калин, па по неколкуте брејк поени, сетот5 му припадна на Италијанецот со 6-4.

И вториот сет налик на првиот, но овојпат бреjк поените беа направени во првите четири гема (2:2). Во продолжението тенисерите го освојуваат гемот на свој сервис, се до тај-брекот, кој му припадна на Треска и со тоа Италијанецот го доби и мечот со конечни 2:0 во сетови.