Калиманци со 45 милиони метри кубни вода, дистрибуира на двата канала

За успешно завршување на наводнителната сезона во Источна Македонија, во акумулацијата Калиманци до денеска се акумулирани 45 милиони и 143 илјади метри кубни вода.
Ваквите расположливи количини на вода во акумулацијата Калиманци се доволни за квалитетно и навремено завршување на наводнителаната сезона во општините од регионот, информира АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Брегалница“ од Кочани, кое стопанисува со хидросистемот „Брегалница“.
Според планот за наводнување се испорачуваат 14,5 метри кубни вода во секунда до крајните корисници и на двата магистрални канали. Во десниот магистрален канал се испорачува 11 метри кубни вода во секунда, а во левиот магистрален канал 3,5 метри кубни вода во секунда.
Дистрибуцијата на вода низ полињата кои ги опфаќа хидросистемот „Брегалница“ се врши на време и редовно според потребите на водокорисниците и временските услови, согласно динамиката и планот за испорака на вода.
Од АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Брегалница“ од Кочани истакнуваат дека секојдневно ја следат состојбата со високите температири на терен и според потребите и нарачките испорачуваат доволни количини за наводнување.
Ново на Сител
-   
           Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-   
           Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-   
           На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-   
           Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-   
           Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-   
           За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-   
           Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-   
           Преглед на вестите од светот




